Скокни до содржината
Осигурување на живот, поврзано со инвестициски фондови
Остварување на максимална сигурност на вложување по пат на почитување на основните начела: профитабилност,сигурност и ликвидност

Осигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови е животно осигурување, кај кое договарачот презема инвестициски ризик.

 

Полисата за животно осигурување ги покрива следните ризици:

  • за случај на смрт: вредноста на инвестициската сметка со ризико сума, но не помалку од гарантирата сума за смрт која може да изнесува 10% или 100% од збирот од премиите во зависност од изборот на договарачот при склучување на договорот
  • за случај на доживување: вредноста на инвестициската сметка.

Вредноста на инвестициската сметка е еднаква на бројот на удели на сметката по вредноста на уделите на инвестицискиот фонд.

Осигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови е животно осигурување, кај кое договарачот презема инвестициски ризик.

 

ГРАВЕ ГЛОБАЛ - отворен инвестициски фонд се организира како отворен инвестициски фонд кој претставува посебен имот без својство на правно лице, чии сопственици на удели имаат право на сразмерен дел од добивката на фондот.

Со Фондот управува Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Депозитарна банка на Фондот е Комерцијална банка АД Скопје.

Друштвото ќе ги почитува следните принципи:
  • Профитабилност
  • Ликвидност
  • Диверзификација на ризикот при вложувањата на средствата на Фондот
  • Транспарентност
  • Заштита на интересите на инвеститорите
  • Доверливост и тајност на податоците
  • Непристрасност, неутралност, совесност и професионалност
  • Постапување со внимание на добар стопанственик
Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во:
  • Акции и инструменти на пазарот на пари (до 100%)
  • Удели или акции на инвестициски фондови (до 100%)
  • Нови емисии на харти од вредност (до 20%)
  • Депозити и пари на сметка (до 75%)

-Професионално управување со средствата на фондот,
-Диверзификација на портфолиото по земји, инструменти, валути,
-Автоматско реинвестирање на добивката,
-Инвестирање во големи компании на развиените држави во светот.
 

Во зависност од типот на хартии од вредност во кои се вложуваат средствата се разликуваат следните инвестициски фондови:

  • парични
  • обврзнички
  • акциски
  • мешовити
ГРАВЕ Глобал WVP

                                                       ГРАВЕ Глобал WVP  https://www.wvpfondovi.mk/mk/grawe-global/