Скокни до содржината
Обработка и заштита на лични податоци
ГРАВЕ
ГРАВЕ СЕРВИС
Обработка и заштита на лични податоци

        Информации за обработка на податоци

Со овие информации сакаме да ви понудиме подетални известувања за обработка на Вашите лични податоци со цел превземање дејствија на Ваше барање пред склучување на договорот за осигурување, во врска со склучување и извршување на договорот за осигурување како и за правата кои можете да ги остварите во врска со обработката на тие податоци.

Заштитата на Вашата приватност нам ни е исклучително важна па Ве молиме овие информации внимателно да ги прочитате:

1. Кој е одговорен за обработка на Вашите лични податоци?

Со оглед на тоа дека ја одредуваме целта и средства за обработка на Вашите лични податоци, ние, согласно Општата уредба за заштита на податоци (Уредба (EU) 2016/679), сме одговорни за обработката на Вашите лични податоци:

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје  ЕМБС 6192491

Ул.Пиринска бр.23, 1000 Скопје

Тел:+389 (0)2 310 96 73; Факс: +389 (0)2 311 88 55  

е-маил: office.skopje@grawe.at;   www.grawe.mk

За прашања за обработката на Вашите лични податоци или во врска со остварувањето на правата за заштита на податоци, Ве молиме да се обратите на нашиот Офицер за заштита на податоци:

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје ул.Пиринска бр.23, 1000 Скопје, со назнака „За Офицер за заштита на податоци“

Tel. +389 (0)2 311 88 54

zastita.na.podatoci@grawe.mk


2. За кои цели и по кој правен основ ги обработуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги обработуваме согласно со одредбите од Општата уредба за заштита на податоци , Законот за заштита на лични податоци и други прописи за заштита на личните податоци.

Вашите лични податоци ги обработуваме за цели кои се наведени во овие информации и тоа согласно со следните правни основи:

2.1. Превземање преддоговорни активности на Ваше барање , склучување и извршување на договори за осигурување

Личните податоци кои ќе ни ги дадете  во понудата за склучување на договор за осигурување и друга документација , ја обработуваме со цел утврдување на Вашите потреби и барања за да можеме да Ви понудиме објективни информации за осигурителниот производ. Понатаму, личните податоци ги обработуваме со цел за процена на ризикот кој го превземаме и на основ на кој ќе одлучиме дали сакаме и под кои услови (на пр. износ на премија, осигурен износ, обем на покритие) да ја прифатиме Вашата понуда и да склучиме договор за осигурување. Вашите податоци можеме да ги обработиме и со цел за информативно пресметување на премија на осигурување.

Доколку склучите со нас договор за осигурување, ги обработуваме Вашите лични податоци со цел извршување на договорот (пр. изработка на осигурителна полиса, изработка и испраќање на известување за доспевање на премија за осигурување, известување за припишана добивка, известување за истек на осигурувањето, администрирање на договорот, проценка дали може и под кои услови промена на договорот за осигрување, наплата на доспеани обврски).

Во случај на решавање на оштетно побарување, обработуваме и дополнителни податоци кои се однесуваат на штетниот настан, за да можеме да утврдиме дали постои и во кој обем наша обврска за исплата на надомест од осигурување.

Доколку сте осигурено лице , Вашите лични податоци ги обработуваме за да можеме со договарачот на осигурување да склучиме договор за осигурување, но и за да можеме да ги извршиме нашите обврски од договорот за осигурување.

Доколку остварувате право од договорот за осигурување во својство на корисник на осигурување, и др, Вашите лични податоци ги обработуваме за да можеме да ги извршиме нашите обврски од договорот за осигурување.

2.2. Исполнување на законски обврски

Вашите лични податоци ги обработуваме и заради нашите законски обврски (пр. обврски за преддоговорно информирање на договарачот на осигурување, решавање приговори , чување на деловна документација).

При склучување на договор за осигурување на живот, обврзани сме со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам  да спроведуваме мерки са спречување и откривање перење пари и финансирање тероризам , па Вашите лични податоци (пр. идентификациски податоци , податоци за извор на средства  и податоци за носители на јавни функции) да ги обработуваме за таа цел.

2.3. Легитимни интереси

Вашите лични податоци имаме право да ги обработуваме со цел за наши легитимни интереси освен во случаи кога од тие интереси се посилни Вашите интереси или Вашите основни права и слободи кои имаат потреба од заштита на личните податоци. Притоа ќе ги имаме во обзир Вашите разумни очекувања за обработка на лични податоци кои се засноваат на Вашиот договорен или друг однос со нас.

Наш легитимен интерес е на пр. обработка на лични податоци со цел спречување и откривање на измами во осигурување како и измами или други казнени или прекршочни дела, пренос на лични податоци во ГРАВЕ Групацијата за внатрешни административни потреби, обработка на лични податоци за потреби на маркетинг (вклучително истражување на пазарот, и испитување на Вашето задоволство од понудените услуги), доколку таков директен маркeтинг е насочен кон Вас како договарач на осигурување  за време на траење на договорот за осигурување. Во тој случај ги обработуваме Вашите податоци за да бидеме во можност нашата промоција да ја прилагодиме на Вашите потреби и за да бидеме во можност да Ви доставиме прилагодени известувања за нашите производи и/или услуги , продажни акции, новини во деловното работење и др. по пошта , електронска пошта, социјални мрежи и др.

Ако вашите лични податоци ги обработуваме за потребите на директен маркетинг Ве известуваме дека имате право во секој момент да се изјасните против таквата обработка. По примање на Вашето приговарање, повеќе нема да ги употребуваме Вашите лични податоци за таа цел.

Вашите лични податоци ги обработуваме во статистички цели за да добиеме статистички податоци кои се однесуваат на осигурување (пр. за развој на нови и подобрување на постоечките производи на осигурување или исполнување на регулаторните барања) при што внимаваме обработката на личните податоци во статистички цели да не овозможува Ваша идентификација).

2.4. Согласност

Обработката на посебни категории Ваши лични податоци, освен ако нивната обработка не е нужна за воспоставување , остварување или одбрана од правни барања или ако поинаку не  е пропишано, можеме да извршиме само врз основа на Ваша изрична согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки , за да благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста.

Ако не се исполнети условите за користење на Вашите лични податоци за целите на директен маркетинг по основ на нашиот легитимен интерес, (пр. ако сте осигурено лице, корисник на осигурување, овластен застапник, плаќач на премија или трето лице) тогаш за обработка на Вашите лични податоци за таа цел мораме да имаме Ваша согласност.

Ако Вашите лични податоци ги обработуваме на основа на дадена согласност, Ве известуваме дека имате право во секој момент да ја повлечете согласноста, на начин опишан во точка  8. – „Кои се вашите права во врска со обработка на лични податоци?“.


3. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

Ги обработуваме личните податоци кои сме ги собрале од Вас по пат на понуда за склучување договор за осигурување, податоци од договорот за осигурување, барање за остварување право од осигурување, или друга документација која сте ни ја доставиле, како и податоци кои сме ги добиле од трети лица (пр. лекар-цензор, вештак, други друштва за осигурување , тела на јавната власт или од јавно достапни извори.

Тоа ги вклучува Вашите основни податоци (пр. име и презиме, датум на раѓање, живеалиште/престојувалиште, личен идентификациски број, податоци за идентификациски документ, адреса на електронска пошта, телефонски број), податоци од договорот за осигурување (пр. податоци за предметот на осигурување (податоци за осигуреното лице), податоци за осигурен износ, траење на договорот, премија на осигурување, откупна и капитализирана вредност на договорот), податоци за исплата (пр. податоци за банката,за износот на исплата).

Во случај на настапување на штетен настан прибираме и обработуваме Ваши лични податоци кои се однесуваат на штетниот настан (пр. датум и време на штетен настан, причина за настанување, фотографии) како и податоци за надомест од осигурување (пр. износот на осигурителен надмест, податоци за исплата). Тоа вклучува ако е потребно , и податоците кои ги собираме од трети лица кои учествуваат во постапката за решавање на оштетното побарување (пр. лекар-цензор, вештак), лица кои можат да ни дадат потребни информации (пр. надлежни тела, сведоци) или се во врска со извршување на наши обврски во врска со штетниот настан (пр. здравствени установи, лекари, ).

Во одделни случаи можно е да се оствари целта на обработка и со користење на помал обем на податоци, отколку што претходно е напишано, бидејќи ги прибираме само оние податоци кои ни се неопходни за постигнување на одредени цели.


4. На кого Вашите лични податоци ќе бидат откриени?

Ако е нужно заради постигнување на претходно наведените цели за обработка , односно ако е утврдено со прописи , Вашите лични податоци можеме да ги откриеме на физички и правни лица , телата на јавна власт, и други тела (приматели).

Без оглед на кои приматели им доставуваме Ваши лични податоци, ние ќе ги доставиме само оние податоци кои се неопходни за постигнување на конкретните цели на обработка. Може да се работи за следните приматели:

4.1. Друштва за реосигурување

При превземање на одредени ризици соработуваме со друштвата за реосигурување на кои го пренесуваме делот од ризикот кој сме го превзеле во осигурување (реосигурување).

4.2.Дистрибутери на осигурување

Ако при обавување на подготвителни активности за склучување договор за осигурување, односно при склучување, извршување и управување со склучениот договор, како и во случај на решавање на оштетно побарување посредува застапник и ли посредник за осигрување, кој од Вас собира и на нас ни проследува Ваши лични податоци , ќе му ги откриеме Вашите лични податоци онолку колку е потребно за обавување на претходно наведените активности.

4.3. Тела на јавна власт, судови и други приматели

Вашите основни податоци  можеме , согласно со посебни прописи,  да ги доставиме и до органите на јавна власт  со цел извршување на нивните службени задачи, како на пр. Агенција за  супервизија на осигрување, Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Јоавно обвинителство , даночни институции , Управа за финансиско разузнавање, Јавен правобранител, Дирекција за заштита на лични податоци и др.

Вашите лични податоци можеме да ги доставиме и на други приматели , т.е. физички и правни лица кои се со нас во деловен однос во врска со склучување и извршување на договор за осигурување, решавање оштетни побарувања, наплата на побарувања , давање маркетингшки и други услуги  и др. (пр. лекари -цензори, здравствени установии лекари, вештаци, даватели на услуги, адвокати, преведувачи, маркетиншки агенции, даватели на информатички услуги, нотари, финансиски установи, овластени ревизори,и др).


5. Каде ќе се обработуваат Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ќе се обработуваат на територија на Република Македонија и на територија на  ЕУ .

Во случај на потреба за обработка на ваши лични податоци надвор од ова подрачје , Вашите лични податоци ќе им се доставуваат на примателите во трети земји само ако се работи за земји кои го исполнуваат потребното ниво  на заштита на личните податоци пропишана со Општата одредба за заштита на податоци, односно ако се предвидени соодветни заштитни мерки (пр. стандардни клаузули за заштита на податоци). За известување за превземените сигурносни заштитни мерки можете да се обратите на нашиот службеник за заштита на податоци.


6. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги чуваме онолку долго колку што е потребно заради исполнување на целта за која се обработуваат освен ако не не обврзуваат дополнителни законски рокови за нивно чување.

Во врска со договорот за осигурување периодот на чување е детерминиран со времетраењето на договорот за осигурување. Меѓутоа , со оглед на тоа дека подлежиме на законските обврски за чување на податоци за Вас, за трети лица, за Вашиот договор за осигурување и штетните настани и по престанување на договорот за осигурување можеме да ги чуваме личните податоци и по истекот на договорот за осигурување односно исплата на обврската од договорот за осигурување   односно исплата на надомест за штета. Документацијата која мораме да ја чуваме и роковите за чување се пропишани со Закон за спречување перење пари и други закони и подзаконски акти.

Освен тоа личните податоци ги чуваме се додека постои законска можност да бидат поставени правни барања на основ на договор за осигурување, а што вклучува и со закон пропишан период по правосилно завршена судска, управна или друга постапка покрената заради остварување на правото и обврските поврзани со договорот за осигурување.

Ако одредени лични податоци ги обработуваме на основ на согласност , во случај на повлекување на согласноста , ќе извршиме бришење на Вашите лични податоци , освен ако не постои друг правен основ за обработка или ако обработката на Вашите лични податоци е нужна заради поставување , остварување или одбрана на правни побарувања.


7. Кои се последиците доколку не ни ги дадете своите лични податоци?

Вашите лични податоци ни се потребни со цел за превземање на дејствија за преддоговор кој е на Ваше барање, склучување и извршување на договорот за осигурување, како и за обработка на барања за надомест на штета. Доколку не ни ги дадете потребните лични податоци, постои можност да не можеме да го склучиме договорот за осигурување или да не можеме да ги извршиме своите обврски од договорот за осигурување, вклучувајќи ја и обработката на барањето за надомест на штета. Ве молиме посебно да обратите внимание дека доколку поради недавање на потребните лични податоци нема да бидеме во можност да ја извршиме својата обврска од договорот за осигурување ние нема да ја сносиме одговорноста за неисполнување на нашата обврска. Во случаите одредени со посебни прописи, одбивањето на давање на потребните лични податоци може да има последици со Вас да не смееме да склучиме договор за осигурување (на пр. Во случај да одбиете да ни дадете податоци кои се потребни за спроведување на длабинска анализа кај склучување на договор за осигурување на живот, во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам).


8. Кои се вашите права во врска со обработка на личните податоци?

Согласно обврските пропишани со Општата уредба за заштита на податоци, вие ги имате следните права кои се однесуваат на обработка на вашите лични податоци:

Право на пристап – право на добивање на информации за тоа дали ги обработуваме вашите лични податоци, и ако таквите податоци се обработуваат, пристап до личните податоци и информации, информација за обработените лични податоци, пристап до обработените лични податоци, целта за обработка, рокот за чување, пренос во трети земји и слично.

Право на измени – право на измена на неточни и право на дополнување на непотполни лични податоци.

Право на бришење („право на заборавање“) – право на бришење на лични податоци кои се однесуваат на Вас доколку, меѓу останатото, личните податоци не се повеќе потребни за целта за која се собрани или на друг начин се обработени, ако е повлечена дозволата за обработка на лични податоци и не постои друг правен основ за обработка, ако се Вашите лични податоци незаконски обработени и слично. Ова право има ограничувања, па не може да се примени ако обработката на Вашите лични податоци е нужно заради поставување, остварување или одбрана на правните барања или заради почитување на нашите правни обврски со кои се бара обработка согласно прописите кои не обврзуваат.

Право на ограничување на обработката – право да побарате од нас ограничување на обработката на Вашите лични податоци (на пр. Кога ја оспорувате точноста на податоците, кога се спротивставувате на бришење на незаконски обработените податоци).

Право на приговор – право на спротивставување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на Вас и кои ги обработуваме врз основа на легитимен интерес, вклучувајќи и профилирање. Во тој случај можеме да ги обработуваме личните податоци кои се однесуваат на Вас исклучиво ако докажеме дека нашите легитимни причини за обработка ги надминуваат Вашите интереси, права и слобода, или пак заради воспоставување, остварување или одбрана на правните барања.

Право на пренос на податоци – право на прием и пренос на податоци на друго лице доколку личните податоци ни се дадени во структуиран облик и формат каде што истите се употребуваат и обработуваат во автоматизиран читлив формат на база на изразената воља во договорот.

Право на спротивставување е донесување на автоматизирани поединечни одлуки вклучувајќи и изработка на профил – право да на Вас не се однесува одлуката која се темели исклучиво на автоматизирана обработка, вклучувајќи и изработка на профил, која произведува правни последици кои се однесуваат на Вас или на сличен начин значајно влијаат на Вас, освен ако таквата одлука е потребна за склучување или извршување на Вашиот договор за осигурување, ако е дозволена со правото на ЕУ или со националното право со кое се пропишани соодветните мерки за заштита на правото и слободата на легитимните интереси на испитаникот, или се базира на изрична волја на испитаникот.

Право на повлекување на одобрението – ако обработката на личните податоци се базира на Вашето одобрение имате право, без никакви последици, во секој момент да го повлечете одобрението со доставување на писмено известување за повлекување на одобрението до службеникот за заштита на податоци, директно во просториите на Граве осигурување А.Д. Скопје, или преку корисничкиот веб портал ако е тоа можно. Во тој случај ние повеќе не смееме да ги обработуваме Вашите лични податоци, доколку не постои друг правен основ за нивна обработка. Повлекувањето на одобрението има важност од моментот кога е изјавено, што значи дека нема влијание на законитоста на обработката на Вашите лични податоци во периодот од давањето на одобрението до моментот на повлекувањето.

За остварување на своите права во врска со обработка на личните податоци можете да се обратите на нашиот службеник за заштита на лични податоци преку контакт податоците кои се наведени во точка 1 „Кој е одговорен за обработка на Вашите лични податоци?“.

За да би можеле да постапиме по Вашето барање за остварување на правата,  имаме право да побараме од Вас дополнителни податоци заради потврдување на Вашиот идентитет. Доколку не можеме да го потврдиме Вашиот идентитет, имаме право да го одбиеме Вашето барање.

Ако Вашите барања за остварување на право се без основа или претерани посебно поради нивното пречесто повторување, имаме право да Ви наплатиме разумен надомест или да го одбиеме Вашето барање.


9. Право на поднесување приговор до органот за надзор

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци не е во согласност со прописите за заштита на лични податоци, имате право да поднесете приговор до органот за надзор во државата членка во која имате постојано престојувалиште, каде работите или пак во местото каде се прекршени прописите за заштита на лични податоци.

Во република Македонија надзорен орган на кој можете да поднесете приговор е Дирекцијата  за заштита на лични податоци (www.dzlp.mk).

Не доведувајќи го во прашање вашето право на поднесување приговор до надлежniot надзорен орган, Ви предложуваме пред поднесување на приговорот да се обратите на нашиот службеник за заштита на податоци за да го разјасните спорното прашање.

 

 

 

 

Array