Скокни до содржината
10 години ГРАВЕ Осигурување во Македонија

,,Осигурување на Ваша страна,, беше мотото под кое ГРАВЕ Осигурување ја прослави својата 10-годишна работа во Македонија. Накратко беа презентирани најзначаните моменти од 10-годишното успешно работење на ГРАВЕ како една од лидерските компании во Македонија.

,,Успехот на нашето работење се основа на цврстите темели и вредностите кои ги негуваме. Искуството и традицијата кое нашата матична компанија го дели со нас ,, - истакна  извршниот директор г-дин Марко Микиќ.

Со своето присуството прославата ја збогатија и претставници на управниот одбор од ГРАВЕ Австрија Mag. Dr. Othmar Ederer, DDI Mag. Dr. Günther Puchtler и Mag. Dr. Goschnik Wolfgang. Нашите деловни партнери, претседател и членови на совет од агенција за супервизија на осигурување, претставници на управа на други осигурителни компании имаа можност да ја слушнат пораката и историјата на ГРАВЕ Осигурување и да бидат дел од една успешна приказна која се надеваме еден ден ќе прослави и 100 години од своето постоење во Македонија.