Мисија
Со нашето работење да креираме трајни и стабилни вредности во осигурувањето со цел да обезбедиме врвно осигурување на своите клиенти, и со тоа да ја оправдаме нивната доверба.
Ние сме осигурување кои се грижи за Вашите потреби и заштита на Вашите средства.
Визија
Нашата желба е континуриан раст и развој како би биле вистинскиот избор при избирање на осигурување за живот. Сакаме да бидеме стандард, мерка за квалитет и професионалност. Сакаме да бидеме достапни за сите осигуреници, добар работодавач за нашите вработени и да бидеме општествено одговорна компанија која ги помага и разбира потребите на општеството во кое постоиме и работиме. Нашето мото е вложување, сигурност, стабилност, заштита и доверба.
Позитивниот развој на осигурителното портфолио и внимателната инвестициска политика преку рационализација на трошоци на спроведување на осигурувањето придонесе за висината на искажаниот деловен резултат
Правиме промени
Имаме на ум дека корисникот е најважен. Со ангажирање и континуирано усовршување на нашите вработени настојуваме кон зголемување на пазарниот удел, профитабилност и вредност на компанијата.
За да ги исполниме нашата мисија и визија, во сè што работиме, се водиме од корпоративните вредности.
ГРАВЕ корпоративни вредности
Позади нас има долгогодишно знаење и искуство од нашата матична куќа која има компании во 13 земји во регионот. Повеќе од 10 години постоиме во Македонија. Многумина од нас се сведоци на континуиран раст и развој на компанијата до денес за чиј успех сме заслужни и ние.
ГРАВЕ е една од најстабилните осигурителни компании во регионот. Со својата деловна политика успеавме и во кризните години на раст,
да се развиваме и да бидеме добар партнер на корисниците, вработените и деловните соработници. Редовно ги исполнуваме сите финансиски и правни обврски. Сите Вие што се со нас без страв може да бидете сигурни за Вашата стабилност.
Одговорно пристапуваме кон секој корисник и кон сите задачи.
Отворено комуницираме без скриени намери како во директен контакт со корисниците, така и во решавењето на штети и промовирање на нашите услуги. Бескомпромисно ги исполнуваме зададените рокови, а грижата за најситните детали е сè да биде најдобро направено.
Секој од нас е различен,единствен и неповторлив. Секој со своето знаење има придонес за успехот на ГРАВЕ тимот.
Меѓусебно се почитуваме, учиме од искуството на другите и растеме и се развиваме. Сигурни сме дека само со соработка со колегите од својот или другите тимови може да имаме подобра иднина.
Важен составен дел од нашето работење е довербата која ја градиме со отворен пристап и комуникација, одговорност кон вредностите кои нам ни се доверени. Нудиме брз и одговорен пристап кон предизвиците со кои се среќаваат нашите корисници. За нас е подеднаква важна довербата која ја градиме и со надворешните и со внатрешните соработници.
Со професионалност, преданост и одговорен пристап кон работата ја оправдуваме довербата која ни ја давате Вие, нашите осигуреници. Доверете ни ја нам грижата за Вашите најголеми вредности. Сигурен партнер сме едни на други, знаеме дека може да се потпреме взаемно со целосна доверба.