
Осигурување од незгода
Животот е исполнет со низа среќни и несреќни случки. Дали размислувате понекогаш што може да ја загрози безгрижноста на Вашето семејство и на кој начин да ја заштитите? Било што да работите и било каде да се наоѓате , незгодата не можете да ја предвидите ниту да ја спречите, но во секој случај можете да ги ублажите нејзините последици со склучување на полиса за осигурување од незгода со што Ви обезбедуваме дополнителна сигурност од последици на несреќен случај-незгода која претставува вистински чекор во планирање на сигурна иднина и заштита од неочекувани случувања.
Ви нудиме индивидуално (поединечно) како и колективно осигурување на вработени лица, осигурување на деца во градинка, ученици, студенти од следните ризици:
• смрт од последица на несреќен случај-незгода
• траен инвалидитет
• смрт од болест
• дневен надомест- преодна неспособност за работа
• трошоци за лекување