Скокни до содржината

ГРАВЕ ГРУПАЦИЈА

Историја

 

Уште во далечната 1846 година надвојводата Јохан кажал:„Во единството на мнозинството лежи силата која создава добрина. Да се придонесе за тоа е должност на сите нас.“
 

Со ова сакал да го нагласи фактот дека за сопствена сила потребно е единство од мнозинството и затоа решил да го основа Grazer Wechselseitige како осигурителна задруга на начело на взаемност.

На 14. јули 1828. долгогодишниот напор на надвојводата Јохан се заокружува со успех: неговиот брат, царот Фрањо Јосип I., со царска одлука го одобрил основањето на “Царско-Кралскиот завод за внатрешно Австриско осигурување од штети од пожари за Штаерска, Корушка и Крањска“. Со тоа е ставен темелот на успешната историја на Grazer Wechselseitige која непрекинато трае веќе 190 години. Во 1895 година отворена е и Општа управа во Грац во улицата Herrengasse во присуство на царот Фрањо Јосип I, каде што и денес се наоѓа седиштето на Grazer Wechselseitige Versicherung AG.
 

МЕЃУНАРОДЕН КОНЦЕРН

Од регионален осигурител на почетокот, насочен во целост кон корисниците во Австрија, денес сме меѓународен концерн кој работи на подрачјето на средна и источна Европа.

За време на 190 годишната историја друштвото доаѓа до значајни промени. Периодот од економското владеење трајно е искористено за надминување на кризните периоди. Ниту двете светски војни, падот на берзата во 1873, последиците на“црниот петок” во 1929 година, ниту пак нафтената криза во 1973. година и светската финансиска криза во 2007 година, не успеаја да го пореметат порастот и ширењето на друштвото.
 

НАВРЕМЕНИ РЕАКЦИИ ЗА ДОЛГА СТАБИЛНОСТ

Од осигурителна дејност се проширивме на работење со недвижности и во банкарскиот сектор. На кризите на капитал кои низ историјата се појавуваа на пазарите, друштвото благовремено реагираше со вложувања во недвижности и друг недвижен имот. Ангажманите во банкарскиот сектор настануваат поради желбата да понудата кон грижата за корисниците биде севкупна.  

Денес, после 190 години од основањето на друштвото, првобитната идеја за заедничка одговорност станува уште поактуелна од претходно – економската егзистенција можеме да ја осигураме само ако за неа се погрижиме однапред.

 

 

                         

 

ОД 1823. ДО ДЕНЕС
ХРОНОЛОГИЈА НА ГРАВЕ КОНЦЕРНОТ

1823.

Штаерското земјоделско друштво кое го основал надвојводата Јохан, согледува можност за основање на друштво за осигурување од пожар. Надвојводата Јохан му ја доверува на професорот на свеучилиштето во Виена, д-р Јосеф Кудлер изработката на студијата за основање на осигурителен завод за осигурување од пожар по начелото на општа корисност и взаемност.

 

1828.

На 14. јули царот Фрањо I. со царски указ дава одобрување за основање на осигурително друштво за Штаерска, Корушка и Крањска.

 

1829.

На 1. јуни „Австро-унгарскиот привилегиран внатрешноавстриски осигурителен завод за осигурување од пожар по начелото на взаемност“ службено започнува со работа. Прв генерален директор е грофот Игнације Мариа Атемс, кој бил поглавар на Штаерска.

 

1869.

За генерален директор е избран синот единец на надвојводата Јохан, Франц. Тој спроведува многу важни реформи (статути 1872) се со цел создавање на услови со кои друштвото за осигурување ќе може што подобро да ја исполнува својата значајна економска и општествена улога.

 

1873.

Во осигурување од пожар воведен е нов вид на осигурување, осигурување на покуќнина од пожар.

 

1877.

Проширување на работењето со воведување на осигурување на стакла.

 

1891.

Грофот д-р Јохан фон Меран, внук на надвојводата Јохан, станува генерален директор на осигурителниот завод за осигурување од пожар.

 

1895.

Во присуство на царот Фрањо Јосип I, на 4. јуни свечено е отворена новата зграда на генералната дирекција во Herrengasse во Грац.

1909.

Во понудите е вклучено четврти вид на осигурување, осигурување од тепачка.

 

1913.

Со повеќе од 100.000 склучени договори за осигурување, со вкупна осигурена сума од околу 956 милиони круни, што пресметано во евра изнесува 6,93 милијарди, осигурителниот завод достигнува најголем подем кој ќе се одржи долго време.

 

1918.

По завршување на војната, Долна Штаерска, Крањска и Истра преминуваат во составот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, што значи и паѓање на портфолиото за околу 50.000 полиси за осигурување.

 

1929.

Прослава на 100.-та годишнина од постоењето на осигурителниот завод.

 

1938.

Осигурителниот завод се здружува со „Steirer-Versicherung-AG“ i „Burgenländische Versicherungsanstalt“ во „Wechselseitige Versicherungsanstalt Südmark“ и го проширува своето подрачје на работење на останатите сојузни покраини, а во 1940 година и на Долна Штаерска. Се основаат регионални дирекции во Виена, Линц, Салзбург и Инзбург, потоа дирекција во Дорнбирн за покраината Ворарлберг, додека за покраината Градишче се грижи дирекцијата во Виена и Грац. Понудата за осигурување се проширува од почетните три видови на тринаесет видови на осигурување. Освен осигурување од пожар, стакло и осигурување од тепачка, во понудата се додаваат и осигурување од незгода, осигурување од провална кражба, осигурување од одговорност, осигурување од поплави, осигурување на моторни возила (осигурување од одговорност за користење на моторни возила и осигурување од хаварија), осигурување на кражба на велосипеди, осигурување на домаќинства, осигурување од прекинување на работење,  осигурување од кршење на звоно и осигурување на машини од кршење.

 

1945.

Повторно престанува работењето на подрачјето на Долна Штаерска. Согласно уставните промени, се менува и името во „Wechselseitige Versicherungsanstalt in Graz“. Со претпријатието до јануари 1946. управува повереник.

 

1946.

После Втората светска војна, новото раководство на чело со д-р Франц фон Меран, правнук на надвојводата Јохан како претседателот на надзорниот одбор, д-р Карл Марија Степан, бившиот поглавар на покраината Штаерска како претседател на управата и Фритц Лешанц како генерален директор, решаваат да се посветат на обнова на друштвото.

 

1954.

125. годишнината е целосно во знакот на завршување на обновата на оштетените и уништените недвижности кои се во сопственост на друштвото.

 

1962.

Како би можеле да ги задоволат постојаните барања на пораст на друштвото, во погон се става уред за електронска обработка на податоци, во што на подрачјето на Австрија друштвото станува предводник.

 

1969.

Во јануари, друштвото го менува називот во „Grazer Wechselseitige Versicherung“.

 

1972.

На 22. септември палетата на производи се проширува со осигурување на живот.

 

1976.

Праправунукот на надвојводата Јохан, грофот Ханс Котулинску е именуван за нов претседател на Надзорениот одбор.

 

1978.

Приходите од премии на Grazer Wechselseitige Versicherung ја поминуваат границата од една милијарда австриски шилинзи.

 

1984.

Грофот, д-р Франц Харнонкурт-Унверзагт, исто така потомок на надвојводата Јохан, станува претседател на Надзорниот одбор.

 

1988.

ГРАВЕ стекнува сопственички удели во тогашната РББ Банка АД која станува КАПИТАЛ БАНКА – ГРАВЕ ГРУПАЦИЈА АД.

 

1990.

ГРАВЕ стекнува, како член – основач, удели во HYPO-Versicherung АД. Се основа друштво со ограничена одговорност за управување и посредување со недвижности GW Immobilien-Verwaltungs- und Vermittlungs-GmbH. Во словенија, во тој период сеуште една од републиките во тогашна Југославија, се основа првото друштво – ќерка, надвор од Австрија под името PRIMA zavarovalnica družba d.d. со седиште во Марибор, денешно GRAWE Zavarovalnica d.d., кое од 1. фебруари 1991. започнува со работа.

 

1991.

Остварена е бројка од милион договори. Се пренесува дејноста на осигурување во „Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft“. Започнува соработката со Raiffeisenlandesbank Steiermark.

 

1992.

ГРАВЕ стекнува сопственички удели во HYPO ALPE-ADRIA-BANK AG.

 

1993.

Во република Хрватска се основа друштво – ќерка PRIMA Osiguranje d.d., денешно GRAWE Hrvatska d.d., кое своето работење го започнува на 7. јули 1993.

 

1997.

Во фебруари се основани две друштва за осигурување, во Србија GRAWE osiguranje a.d. Beograd и во Маџарска GRAWE Èletbiztositò Rt.

 

1998.

GRAWE osiguranje d.d. Сараево започнува со работење на 15. октомври 1998.

 

2000.

GRAWE Ukraina S.A.T започнува со работење во втората половина на 2000 година. На 15. јуни својата врата ја отвара GRAWE Bulgaria AD, a на 10. октомври истата година започнува со работа GRAWE Romania Asigurare S.A.

 

2002.

Имајќи ја во предвид политичката поделеност на република Босна и Херцеговина на два дела, се јавува потребата за основање на друштво за осигурување во република Српска, така што на 1. јануари започнува со работа GRAWE osiguranje a.d. Бања Лука.

Во рамките на друштвата за осигурување во република Австрија кои работат во неживотно осигурување, ГРАВЕ се наоѓа меѓу првите 7 од вкупно 51 друштво. Во покраината Штаерска, ГРАВЕ во неживотно осигурување го завзема првото место.

 

2004.

Основано е друштвото GRAWE Asigurare de viaPǎ SA во Молдавија, и GRAWE osiguranje a.d. Подгорица во Црна Гора.

 

2006.

На 5. март, представници на покраинската влада во Градишче ја објавуваат едногласно донесената одлука за продажба на банката Burgenland на друштвото Grazer Wechselseitige Versicherung AG. На 12. мај, банката Burgenland станува членка на концернот ГРАВЕ.

 

2007. 

На почетокот на годината е основано друштво – ќерка во Скопје, со кое ГРАВЕ влегува на македонскиот пазар за осигурување. Истата година ГРАВЕ го купува друштвото за осигурување CARAT Compania de asigurǎri pe acPiuni и со тоа дополнително ја изградува својата позиција на пазарот во Молдавија.

 

2009.

ГРАВЕ излегува од сопственичката структура на HYPO ALPE-ADRIA-BANK AG.

 

2012.

Д-р Филип Меран, член на Надзорниот одбор на ГРАВЕ и потомок на надвојводата Јохан, избран е за претседател на надзорниот одбор. Д-р Франц Харнонкурт-Унверзакт е именуван за почесен претседател на ГРАВЕ.

 

2015.

Во јуни банката Schelhammer & Schattera AG станува најнова членка на банкарската групација на ГРАВЕ.

 

2016.


На 31. декември, Merkur osiguranje a.d. Podgorica со припојување кон GRAWE osiguranje a.d. Podgorica станува дел од GRAWE Group.

 

2017.
Со превземање на мнозинските сопственички удели во VGT Visoko во март 2017. GRAWE дополнително ја зацврстува својата пазарна позиција во Босна и Херцеговина.

На крајот на март се основа т.н. директна банка “DADAT Bank” со седиште во Салзбург која како членка на банкарската куќа Schelhammer & Schattera AG станува дел од банкарската група на GRAWE.