Скокни до содржината
ЗА НАС
ГРАВЕ во Македонија

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 190 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија. ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е осигурително друштво кое има 100% сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAZER WECHSELSEITIGE VERSICHERUNG AG (скр.GRAWE) од Грац и дозвола за работа во Македонија. Основната главнина на друштвото изнесува 3.000.000,00ЕВРА (три милиони евра).Друштвото е основано со дозвола добиена од Министерство за финансии на Република Македонија, со решение број 11-18652/3од 15.01.2007 година и регистрација од Централен регистар на РМ број 30120070001886 од 14.02.2007 година. ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е реосигурано преку матичната куќа кај германска реосигурителна компанија Münchener Rückversicherung-Gesellschaft од Минхен.

Прочитајте повеќе...
      

      

ГРАВЕ во бројки

194
Години традиција
15
Години постоиме за Вас во Македонија
~30.000
Задоволни клиенти

Нашите најголеми предности се:

Меѓународен квалитет на производите

Сигурна политика на вложување

Грижата за клиентите и нивните интереси е една од основните задачи на ГРАВЕ Осигурување

ГРАВЕ корпоративни вредности

Традиција
Традиција

Позади нас има долгогодишно знаење и искуство од нашата матична куќа која има компании во 13 земји во регионот. Повеќе од 10 години постоиме во Македонија. Многумина од нас се сведоци на континуиран раст и развој на компанијата до денес за чиј успех сме заслужни и ние.

Стабилност
Стабилност

ГРАВЕ е една од најстабилните осигурителни компании во регионот. Со својата деловна политика успеавме и во кризните години на раст,
да се развиваме и да бидеме добар партнер на корисниците, вработените и деловните соработници. Редовно ги исполнуваме сите финансиски и правни обврски. Сите Вие што се со нас без страв може да бидете сигурни за Вашата стабилност.

Одговорност
Одговорност

Одговорно пристапуваме кон секој корисник и кон сите задачи.
Отворено комуницираме без скриени намери како во директен контакт со корисниците, така и во решавењето на штети и промовирање на нашите услуги. Бескомпромисно ги исполнуваме зададените рокови, а грижата за најситните детали е сè да биде најдобро направено.

Тим
Тим

Секој од нас е различен,единствен и неповторлив. Секој со своето знаење има придонес за успехот на ГРАВЕ тимот.
Меѓусебно се почитуваме, учиме од искуството на другите и растеме и се развиваме. Сигурни сме дека само со соработка со колегите од својот или другите тимови може да имаме подобра иднина.

Доверба
Доверба

Важен составен дел од нашето работење е довербата која ја градиме со отворен пристап и комуникација, одговорност кон вредностите кои нам ни се доверени. Нудиме брз и одговорен пристап кон предизвиците со кои се среќаваат нашите корисници. За нас е подеднаква важна довербата која ја градиме и со надворешните и со внатрешните соработници.

Сигурност

Со професионалност, преданост и одговорен пристап кон работата ја оправдуваме довербата која ни ја давате Вие, нашите осигуреници. Доверете ни ја нам грижата за Вашите најголеми вредности. Сигурен партнер сме едни на други, знаеме дека може да се потпреме взаемно со целосна доверба.