Скокни до содржината
ГРАВЕ Имот
Осигурување на имот

    Сеопфатен пакет за осигурување на цивилен и индустриски ризик

 

Осигурување на вашите куќи, станови, деловни објекти, мебел, опрема, резерви на материјали, продавници и услужни дејности, одговорност од дејност, осигурување објекти во градба, објекти во монтажа и слични имотни осигурувања.

Со полисата за осигурување на имот заштитете го својот дом од ненадејна штета: пожар,поплава, елементарна непогода или друга непредвидена штета.
 

Осигурувањето на објектите,опремата и залихата од пожар и други опасности

• Осигурувањето на објектите,опремата и залихата од пожар и други опасности ви овозможува да ја надоместите материјалната загуба во случај на:Пожар и удар од гром, Олуја, Град, Експлозија, Излевање на водоводна и канализациона инсталација, Паѓање на воздушни летала,Удар со сопствено моторно возило во осигурен објект, Манифестации и Демонстрации, Поплава, порој и високи води

Осигурување на опрема, залихи и инвентар од провална кражба и разбојништво

Со осигурување се дава осигурителна заштита од ризикот извршување или обид на провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на извршување на провалната кражба.

Осигурување на опрема од ризикот кршење машини

Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените предмети од незгода во погонот под кој се подразбираат настани што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурените предмети.

Осигурување на стакло од кршење
Осигурување на стакло од кршење

Со осигурувањето се дава осигурителна заштита на осигурениот предмет од кршење.

Осигурување на компјутери и компјутерска опрема

По комбинирана тарифа од ризиците пожар и некои други опасности, провална кражба и разбојништво и кршење машини

Осигурување на објектите во градба и монтажа

Со осигурувањето се дава осигурителна заштита на станбени, деловни, индустриски објекти, патишта како и опремата на терен од ризиците пожар и некои други опасности, провална кражба и разбојништво и осигурување на одговорност на изведувачот кон трети лица додека трае градбата.

Осигурување од земјотрес

Осигурување од земјотрес, можете да ги осигурате приватните, деловните простории и предметите во нив од штети предизвикани од земјотрес.