Скокни до содржината
ЗА НАС

ГРАВЕ Oсигурување АД Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 180 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија.

       ГРАВЕ Oсигурување АД  Скопје е осигурително друштво кое има 100% сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAZER WECHSELSEITIGE VERSICHERUNG AG (скр.GRAWE) од Грац и дозвола за работа во Македонија. Друштвото е основано со дозвола добиена од Министерство за финансии на Република Македонија, со решение број 11-18652/3од 15.01.2007 година и регистрација од Централен регистар на РМ број 30120070001886 од 14.02.2007 година. Во 2009 година, Друштвото изврши усогласување согласно Законот за супервизија на осигурување, кое се однесуваше на висината на гарантниот фонд и органите на управување. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје, е реосигурано преку матичната куќа кај германска реосигурителна компанија Münchener Rückversicherung-Gesellschaft од Минхен.

       Нашите најголеми предности се: меѓународен квалитет на производите, сигурна политика на вложување, а грижата за клиентите и нивните интереси е една од основните задачи на ГРАВЕ Осигурување. Нашата осигурителна компанија е стабилна поддршка за иднината на нашите клиенти. Поради тоа, и целокупното работење на Друштвото се заснова на доверба и стабилност.

       Условите за работа на пазарот за осигурување и високата технологија на обработка превземена од основачот, прилагодени на нашите законски прописи, дава поголема сигурност дека во конкуренција со останатите осигурителни компании успешно ќе го наметнеме сопствениот начин и квалитет  на работење!

       Плановите на ГРАВЕ Осигурување се да ги проширува своите понуди во согласност со барањата и развојот на пазарот. Осигурувањето на живот е поврзано со дополнително осигурување од незгода како најзначаен производ прилагоден на потребите на корисниците.

       Безбедното осигурување за сите беше основниот мотив на основачот за основање на Друштвото, а и понатаму останува водечка идеја на сите вработени - до ден денес.