Финансиска заштита за Вашето семејство
Бидете спремни за непредвидливи ситуации
Сигурна финансиска иднина за Вас
Осигурајте се себе, Вашите сопатници и Вашето возило
Заштитете го Вашиот дом изграден со љубов
Патувајте безгрижно со ГРАВЕ
Бидете спремни за непланирани ситуации
Сигурен домашен и меѓународен транспорт
Осигурување за одгворност кон трети лица
Пакети за осигурување за Правни и Физички лица
Образци, услови, извештаи, регистри
Осигурување на Ваша страна
190 години традиција,одговорност и посветеност
Вредности со кои создаваме сигурност за нашите клиенти
Постоиме повеќе од 190 години
Годишен и Ревизорски извештај
Организациска структура
ГРАВЕ партнери и застапници
Аплицирајте за работа и бидете дел од Граве тимот
Најнови известувања и актуелности
ГРАВЕ
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ НА ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на ГРАВЕ Осигурување АД Скопје.
Како членка на Групацијата ГРАВЕ ВЕРЗИХЕРУНГ, Друштвото посветува особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и стандардите кои се утврдени во рамките на Групацијата.
Кои информации ги собираме?
При посета на интернет страната, ГРАВЕ ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете, заради користење на нашите услуги, како што се барања за промени, за штети, за откуп, капитализација на полиса како и информирање за состојбата во врска со вашиот статус на полиса или други информации.
Цели за кои се користат собраните лични податоци
На кого Вашите лични податоци ќе бидат откриени?
Вашите основни податоци можеме , согласно со посебни прописи, да ги доставиме и до органите на јавна власт со цел извршување на нивните службени задачи, како на пр. Агенција за супервизија на осигрување, Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Јавно обвинителство, даночни институции, Управа за финансиско разузнавање, Јавен правобранител, Агенција за заштита на лични податоци и др.
Вашите лични податоци можеме да ги доставиме и на други приматели, т.е. физички и правни лица кои се со нас во деловен однос во врска со склучување и извршување на договор за осигурување, решавање оштетни побарувања, наплата на побарувања , давање маркетиншки и други услуги и др. (пр. лекари -цензори, здравствени установи и лекари, вештаци, даватели на услуги, адвокати, преведувачи, маркетиншки агенции, даватели на информатички услуги, нотари, финансиски установи, овластени ревизори,и др).
Чии податоци собираме?
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Категории на податоци кои се обработуваат
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб страна.
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
Каде ќе се обработуваат Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ќе се обработуваат на територија на Република Северна Македонија и на територија на ЕУ .
Во случај на потреба за обработка на ваши лични податоци надвор од ова подрачје, Вашите лични податоци ќе им се доставуваат на примателите во трети земји само ако се работи за земји кои го исполнуваат потребното ниво на заштита на личните податоци пропишана со Општата одредба за заштита на податоци, односно ако се предвидени соодветни заштитни мерки (пр. стандардни клаузули за заштита на податоци). За известување за превземените сигурносни заштитни мерки можете да се обратите на нашиот Офицер за заштита на лични податоци.
Време на чување на собраните податоци
Вашите лични податоци ги чуваме колку што е потребно заради исполнување на целта за која се обработуваат освен ако не не обврзуваат дополнителни законски рокови за нивно чување.
Во врска со договорот за осигурување периодот на чување е детерминиран со времетраењето на договорот за осигурување. Меѓутоа, со оглед на тоа дека подлежиме на законските обврски за чување на податоци за Вас, за трети лица, за Вашиот договор за осигурување и штетните настани и по престанување на договорот за осигурување можеме да ги чуваме личните податоци и по истекот на договорот за осигурување односно исплата на обврската од договорот за осигурување односно исплата на надомест за штета. Документацијата која мораме да ја чуваме и роковите за чување се пропишани со Закон за спречување перење пари и други закони и подзаконски акти.
Освен тоа личните податоци ги чуваме се додека постои законска можност да бидат поставени правни барања на основ на договор за осигурување, а што вклучува и со закон пропишан период по правосилно завршена судска, управна или друга постапка покрената заради остварување на правото и обврските поврзани со договорот за осигурување.
Ако одредени лични податоци ги обработуваме на основ на согласност, во случај на повлекување на согласноста, ќе извршиме бришење на Вашите лични податоци, освен ако не постои друг правен основ за обработка или ако обработката на Вашите лични податоци е нужна заради поставување, остварување или одбрана на правни побарувања.
Заштита и сигурност
ГРАВЕ ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.
Сигурносните процедури на ГРАВЕ се предмет на редовни контроли.
Прифаќање на условите
Со користењето на интернет страницата на ГРАВЕ, Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
Ако Вашите барања за остварување на право се без основа или претерани посебно поради нивното пречесто повторување, имаме право да Ви наплатиме разумен надомест или да го одбиеме Вашето барање.
За прашања за обработката на Вашите лични податоци или во врска со остварувањето на правата за заштита на податоци, Ве молиме да се обратите на нашиот Офицер за заштита на податоци:
ГРАВЕ Осигурување АД Скопје ул.Пиринска бр.23, 1000 Скопје, со назнака „За Офицер за заштита на податоци“
Тел. +389 (0)2 311 88 54
Офицер за заштита на лични податоци Благоја Петроски.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.