Go to Home Go to search Go to navigation Скокни до содржината
Граве осигурување
Осигурување за Вашите вработени

ГРАВЕ Осигурување  нуди можност на Друштвата да склучат осигурување на живот и осигурување од последици од несреќен случај за своите вработени.

Можни начини на плаќање на полиса на која договарач за осигурување е правно лице:

1. До 10 осигуреници

Условите се исти како кога договарач на осигурувањето е физичко лице:
- најмалата премија е 250 Евра и може да се плаќа само еднаш годишно;
- најмалата премија за полугодишно плаќање е 350 Евра;
- најмалата премија за квартално плаќање е 550 Евра.

2. Помеѓу 10 и 50

- најмалата премија за полугодишно плаќање е 300 Евра;
- најмалата премија за квартално плаќање е 350 Евра;
- најмалата премија за месечно плаќање е 550 Евра.

3. За 50 или повеќе осигуреници

Може за било која премија да се одбере месечен начин на плаќање.

Наведените износи се однесуваат само на премијата за осигурување на живот. Дополнителното осигурување од незгода во случај на инвалидност не е вклучено во овие услови.

Овие услови важат само за нови склучени договори за осигурување.