Финансиска заштита за Вашето семејство
Бидете спремни за непредвидливи ситуации
Сигурна финансиска иднина за Вас
Осигурајте се себе, Вашите сопатници и Вашето возило
Заштитете го Вашиот дом изграден со љубов
Патувајте безгрижно со ГРАВЕ
Бидете спремни за непланирани ситуации
Сигурен домашен и меѓународен транспорт
Осигурување за одгворност кон трети лица
Пакети за осигурување за Правни и Физички лица
Образци, услови, извештаи, регистри
Осигурување на Ваша страна
190 години традиција,одговорност и посветеност
Вредности со кои создаваме сигурност за нашите клиенти
Постоиме повеќе од 190 години
Годишен и Ревизорски извештај
Организациска структура
ГРАВЕ партнери и застапници
Аплицирајте за работа и бидете дел од Граве тимот
Најнови известувања и актуелности
ГРАВЕ
ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТА
Секоја штета потребно е да се пријави во најкраток можен рок преку соодветен формулар од ГРАВЕ Осигурување АД Скопје.
Пријавата мора да биде читливо и целосно пополнета.
За секој штетен настан потребно е да се приложи целокупната расположлива документација (медицинска, полициски записник и сл.) • Во формуларите за пријава на смрт (од било која причина), потребно е да се приложи сè што пишува на апликацијата, како и оригиналната полиса. • За пријава на штета предизвикана од една од 9 или една од 20 тешки болести, потребно е заедно со медицинските досиеја, да се достави и фотокопија од здравствена легитимација. • За да пријавите штета како резултат на привремена работна неспособност (боледување) потребно е заедно со медицинската документацијa да се достави и заверена копија од извештајот на боледување за секој изминат месец поединечно. После несреќен случај - незгода, траен инвалидитет се утврдува по 6 месеци од денот на несреќниот случај, под услов лечењето да е целосно завршено, а надоместокот за болнички денови (ако е договорено со полисата), се исплаќа по поднесено отпусно писмо (оригиналот мора да се достави за проверка до ГРАВЕ Осигурување АД Скопје). Процентот на трајна инвалидност го одредува лекар - цензор врз основа на увид во медицинската документација и / или клинички преглед. Штети кои вклучуваат смрт и штетни настани кои настанале поради една од 09 или една од 20 тешки болести, се решаваат по прием на комплетна (неопходна) документација, на начин што истите прво се испраќаат за да се утврди основаноста и по прегледот од лекар - цензор, истите се обработуваат во најкраток можен рок. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВА НА СМРТЕН СЛУЧАЈ - СМРТ ОД БОЛЕСТ • Извод од матична книга на умрени; •Потврда за смрт; • Фотокопија од здравствена легитимација; • Пополнет формулар "Извештај за смрт поради болест"; • Одлука на Центарот за социјална работа на законскиот старател (во случај на малолетни корисници); • Судска одлука за оставинска постапка (со правни наследници); • Трансакциска сметка на Банката, број на тековна сметка во денари и име на банката на корисниците на осигурување; • Оригинална полиса за осигурување. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВА НА НЕЗГОДА ВО СЛУЧАЈ НА ТРАЈНА ИНВАЛИДНОСТ
• Образец -Пријава за несреќен случај со најважните податоци; • Копија од комплетната медицинска документација; • Полициски записник (за напади и сообраќајни незгоди); • Докази за извршената анализа на алкохолот во крвта (во случај на напад и сообраќајни незгоди). ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТА ВО СЛУЧАЈ НА РАБОТНА НЕСПОСОБНОСТ - АУЗ
• Пријава во предвиден формулар; • Пополнет формулар од страна на работодавците (Потврда за отсуство од работното место); • Заверени извештаи како доказ за должината на боледување.