Скокни до содржината
Комбинирано осигурување за Правни лица

ПАКЕТИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НАМЕНЕТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

Имаме изготвено пакети за осигурување на различни дејности каде со една полиса се покриваат повеќе ризици-секции од повеќе класи на осигурување кои овозможуваат да одберете различни комбинации со кои ќе бидат задоволени Вашите барања и потреби. Во една полиса може да вклучите повеќе ризици, а со избрани најмалку 3 секции од пакетот добивате и попуст. Повеќе секции, поголем попуст.

Во секој пакет секцијата имот е задолжителна, а останатите понудени секции со покритија за осигурување, ги избирате Вие во согласност со Вашите потреби.

Комбинираните осигурувања се наменети за продавници и услужни дејности, здравствени установи, менувачници и хотели.

1.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ХОТЕЛИ

- Со комбинираното осигурување на хотели се нуди осигурување на објектот, залиха и опрема од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема, осигурување од одговорност и осигурување од незгода на хотелски гости.

2.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НA ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

- Со комбинираното осигурување на здравствени установи се нуди осигурување на објектот, предметите во објектот, потрошниот материјал и залихата од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување на стакло од кршење, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема и осигурување на одговорност од дејност.

3.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРОДАВНИЦИ И УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ

 - Со комбинираното осигурување на продавници и услужни дејноси се нуди осигурување на објектот, предметите во објектот и залихата од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување на стакло од кршење, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на пари од кражба и при пренос, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема, осигурување на стока при транспорт и осигурување на одговорност од дејност.

4.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА  МЕНУВАЧНИЦИ

- Со комбинираното осигурување на менувачници се нуди осигурување на објектот, опремата во објектот од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување на стакло од кршење, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема, осигурување на пари при пренос и осигурување на фалсификат на странски средства за плаќање.